Најдобар домашен рецепт за јаболков оцет

Јаболковиот оцет е кисел овошен пијалок кој се добива со ферментација на сок од јаболко или цели јаболка. Често се користи во готвењето како прелив за салата, маринада или како состојка во разни јадења.

Покрај тоа, често се користи како природен конзерванс, но и како средство за чистење и дезинфекција на домаќинството.

Јаболковиот оцет е многу здрав напиток кој може да помогне за подобро и полесно варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта, слабеење и одржување на здрава телесна тежина и зајакнување на имунитетот, што е многу важно во претстојната студена сезона.

Затоа искористете ја сезоната на јаболка за да направите јаболков оцет што можете да го користите на различни начини.

Состојките што ќе ви бидат потребни за овој рецепт се:

Шест до осум зрели јаболка

Еден литар вода (филтрирана или зовриена)

100 до 150 грама шеќер

Подготовка

Јаболката измијте ги и исечкајте ги на парчиња (не треба да ги лупите).

Сечканите јаболка ставете ги во стаклен или дрвен сад. Додадете шеќер и покријте ги јаболката со вода.

Покријте го садот со газа или чиста крпа и прицврстете го со гумена лента. Оставете на темно и топло место (околу 20-25°C) 3-4 недели.

Мешајте ја смесата секој ден за да спречите мувла и осигурајте се дека сокот ферментира рамномерно.

По 3-4 недели, процедете ја течноста преку газа или цедалка во чисто стаклено шише. Отстранете ги тврдите делови јаболко.

Вратете ја течноста во садот и повторно покријте ја со газа. Оставете уште 4-6 недели со повремено мешање.

По овој период, јаболковиот оцет треба да биде готов. Ако е доволно кисел, можете да го истурите во шише. Во спротивно, оставете го оцетот да ферментира уште неколку недели.

Чувајте го оцетот на ладно и темно место и користете го по потреба.

реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Рецепти

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Идеја за зимски ручек: Посен подварок со суви сливи

Read more

Посен рецепт на денот: Рибна чорба од ослич

Read more

Го чува и имунитетот, и паричникот: Пилешка крем супа

Read more
 

Магазин

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе