Ноќеска во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа церемонијата на доделување на Оскарите, а за најдобар филм е прогласен „Everything Everywhere All at Once“.
Почнувајќи од 1 часот по полноќ до 4 часот утрината, траеше најочекуваната вечер во светот на кинематографијата, при што беа прогласени најдобрите филмови за изминатата година.
Листата на достигнувања што ја одбележаа 2022 година ја предводи филмот „Everything Everywhere All at Once“, кој е прогласен за најдобар.
Златната статуетка за најдобар актер ја освои Брендан Фрејзер за улогата во филмот „The Whale“.
Мишел Јео беше прогласена за најдобра актерка на овогодинешното доделување на Оскарите за улогата во филмот „Everything Everywhere All at Once“.
Наградата за најдобро оригинално сценарио отиде во рацете на победникот на вечерта „Everything Everywhere All at Once“, а за најдобро адаптирано сценарио наградата ја доби филмот „Women Talking“.
Очекувано, наградата за најдобра режија и најдобра монтажа ја доби филмот „Everything Everywhere All at Once“, на Пол Роџерс.
Најдобар странски филм е „Im Westen nichts Neues“ (На Запад ништо ново), кој доби и Оскар за најдобра кинематографија.
За најдобри споредни улоги, Ке Хуј Куан беше награден во машка категорија, а Џејми Ли Кертис во женска. И двајцата беа наградени за улогите во филмот „Everything Everywhere All at Once“.
„Avatar: The Way of Water“ доби Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Најдобар долгометражен анимиран филм е „Pinocchio“ на Гиљермо дел Торо, а краткиот филм оди кај екипата на „The Boy, the Mole, the Fox and the Horse“.
За најдобра оригинална филмска музика повторно е награден филмот „Im Westen nichts Neues“, кој доби и Оскар за најдобар продукциски дизајн, односно сценографија.
За најдобар документарен филм е прогласен „Navalny“, филмот на Даниел Роер за рускиот дисидент Алексеј Навални и обидот за труење од Владимир Путин. Филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ ја освои наградата за најдобра костимографија, а „The Whale“ беше награден за најдобра шминка и фризура.
Најдобра оригинална песна е „Naatu Naatu“ од филмот „RRR“, а наградата за најдобар звук во филм ја доби филмот „Top Gun: Maverick“.