Фит

Најдобра вежба за слабеење, зголемување на сила и издржливост

12. јули 2019 - 13:24 | А.С.

Ако сакате да го изгубите вишокот килограми, да станете подобри во спортот со кој се занимавате, да ја зголемите силата и издржливоста или едноставно да изгледате подобро, ова е вежбата што мора да ја додадете во вашиот режим на вежбање.

Мртвото кревање тежина (deadlift) не е само целна вежба за нозе и задник, туку со оваа вежба се зајакнуваат и грбот, стомачните мускули и горниот дел на телото.

Сите сложени вежби се идеални за топење масни наслаги, а со оваа вежба ќе го зацврстите целото тело и ќе го забрзате метаблизмот.

Колку посилни ќе станувате, толку поголема тежина ќе може да кревате. Со тоа ќе расте бројот на отчукувања на срцето, а маснотиите ќе се топат.

Како и за секоја друга вежба, треба да бидете внимателни во изведувањето, па не се срамете да побарате помош од поискусен посетител во теретаната или некој од фитнес тренерите.

Застанете цврсто на двете нозе раширени во ширина на рамената, со малку потсвиткани колена, а шипката фатете ја со двете раце. Спуштете се со шипката што е можно пониско, така што грбот постојано ќе ви биде рамен, а не свиткан.

Погледнете како се одвива целата постапка:

Коментирај