Најдобрата фризура за транзит лето-есен
Боб фризурата беше многу популарна со сезони наназад, но во овој транзитен период приматот ќе го заземе нејзината малку подолга верзија – лоб.
Оваа фризура лесно се одржува и се препорачува и за природно рамна и виткана коса. Користете дифузер или четка и фен за обликување, а за зацврстување лесни производи за коса кои не го слепуваат и стежнуваат влакното.
Ако не сакате да се збогувате од шишките, за оваа фризура се препорачуваат т.н. curtain односно завеса шишки, кои ќе ги обликувате со помош на четка и фен. Лоб со шишки особено добро ќе им прилега на оние со срцевидна форма на лицето.
Додека уште владеат горештините, стилистите препорачуваат да ја собирате косата во плетенки „рибина коска“ со благо извлечени прамени кои ќе го врамат лицето.