Здравје

Најдобрата игра во светот предизвикува зависност како и хероинот

3. декември 2018 - 13:04 | Б.С.Б.

Играта што неодамна е прогласена за најдобра во светот предизвикува зависност како хероинот. Експертот за однесување на зависници, Лорејн Марер, за Bloomberg објасни дека Fortnite делува како хероин и штом еднаш зависниците паднат во замката на зависност не можат да се извлечат од неа.

Зависноста од Fortnite одамна е глобален феномен и сè поголем проблем, а играчите кои трошат многу време играјќи ја загрозуваат работата, врските, семејните обврски или се разведуваат. За жал, не е мал бројот на оние кои си направиле финансиски проблеми на себе или на другите, пишува Tweak Town.

Во светските центри за одвикнување од модерни облици на зависност, како што се игрите и социјалните мрежи, сè поголем е бројот на пријавени. Голема загриженост предизвикува и фактот дека во центрите сè повеќе се пријавуваат деца и млади луѓе.

Еден од најчестите проблеми што ги предизвикува Fortnite, а го открива медицинската документација, е незапирливата потреба за константно играње на оваа игра. Во тек се официјални истражувања и студии чии резултати треба да покажат во колкава мера играта предизвикува зависност. Додека не бидат завршени студиите и не се познати резултатите, на сите играчи и на родители на деца кои играат Fortnite им се советува да постават јасни граници во врска со времето минато во игра.

Коментирај