Најдобри чаеви против кашлица

Вистина е дека загадувањето на воздухот делува погубно по нашето здравје, а една од последиците е и кашлицата, која се појавува без конкретна причина.

Кашлицата се појавува како реакција на организмот на нешто што тој го третира како опасност. Па така, организмот поризведува течност, односно тој се обидува да спречи прашина и други штетни супстанци, кои би можеле да предизвикаат оштетувања.

Покрај тоа, кашлицата е симптом за настинка или некаква инфекција, до кои доаѓа како последица на промени на температурата, слабеење на имуниот систем или вируси.

Без разлика на причината, овие чаеви можете да ги пиете против кашлица.

1. Мајчина душица

Пејачите и лицата кои многу го користат гласот, многу сакаат чај од мајчина душица. Оваа лековите билка е многу ефикасна против инфекција на гласните жици и белите дробови.

Покрај тоа, мајчината душица има и моќно против воспалително дејство. Покрај тоа што ја ублажува болката, го забрзува лекувањето, така што делува на основната причина која доведува до кашлица.

Мајчината душица дејствува како антибактерик. Поради тоа, ако причината за кашлицата е некој микроб, во тој случај, оваа билка ќе се обиде да го уништи.

2. Чај од лимон со мед и цимет

Како што веќе споменавме, лимонот е многу благороден антибактерик. Меѓутоа неговата киселина може да биде непријатна кога ќе дојде во директен контакт со крајниците.

Поради тоа, добро е лимонот да се комбинира со нешто што би ја ублажило таа киселина. Медот, покрај тоа што го прави токму тоа, исто така, има и моќ да убива бактерии.

Кога станува збор за циметот, тој е исто така многу ефикасен при кашлица и создавање на шлајм. Во исто време, овој зачин го засилува дејството на останатите состојки.

3. Чај од нане

Чајот од нане помага при отежната дишење, односно ослободува од иритантно чувство во грлото кое тера на кашлица, со што се ублажуваат и симптомите на надразнети респираторни органи.

4. Чај од ѓумбир со мед

Чаевите против кашлица, како што веќе споменавме, имаат одличен вкус. Меѓутоа, вкусот на ѓумбир не го сакаат сите, посебно во вид на чај. Бидејќи веќе е така, ви препорачуваме сепак да му дадете шанса, бидејќи навистина е многу добар за здравјето.

Со чај од ѓумбир многу бргу ќе заздравите, а болката во грлото наскоро ќе исчезне.

Како и другите чаеви против кашлица, ѓумбирот го раствора шлајмот. Тоа значи дека ќе ви помогне, бидејќи лечи од внатре, што е многу важно кога е во прашање кашлица.

Сите наведени чаеви можете да ги пиете против кашлица, без разлика на тоа дали станува збор за хронична или привремена кашлица.

Ниту еден од нив нема непосакувани дејства, освен ако не сте алергични на некоја состојка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе