Најдобриот бешамел сос на италијански начин

Бешамел сосот е бел сос кој се користи и како основа за многу други сосови, а потекнува од Тоскана.

Сосот béchamel (бешамел) настанал во XVII век и денес важи за еден од главните сосови на француската кујна и нејзин заштитен знак. Подоцна навлегол и во италијанската кујна каде станал еден од основните сосови, а Италијанците го нарекуваат бешамела (besciamella) или балсамела (balsamella).

Денешниот рецепт е верзијата која потекнува од провинцијата Тоскана, иако бешамелот во Италија најмногу се применува во рецептите кои доаѓаат од историскиот регион Емилија, денес дел од провинцијата Емилија-Ромања, која граничи со Тоскана.

Потребни состојки:
  • 500 мл полномасно млеко
  • 50 гр путер
  • 50 гр брашно
  • ¼ лажичка ситна сол
  • свежо рендано морско оревче
  • 2 лажички пармезан во прав
Подготовка:

Растопете го путерот во тенџере на тивок оган. Додадете го брашното. Брзо измешајте со жица за матење. Мешајте додека смесата не стане мазна и без грутки. Загрејте го млекото, без да го доведете до вриење, а потоа полека прелијте го со смесата со брашно и путер, интензивно мешајќи со жицата за матење за да не се формираат грутки.

Мешајте постојано додека не добиете прилично густа конзистентност, околу 10-15 минути. Додадете прстофат сол и рендано морско оревче по вкус. За уште побогат вкус додадете малку пармезан во прав.

Готовиот сос можете да го користоте за јадење по ваш избор. Италијанците овој сос најмногу го користат за лазањи, канелони, различен вид на потпечена паста, а го комбинираат со зеленчуци како зелка, коморач и брокула.

реклама

Рецепти

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Read more

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Read more

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Read more
 

Магазин

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Читај повеќе

Што треба да јадете за да внесувате повеќе магнезиум?

Читај повеќе

Деми Мур е најубава во светот

Читај повеќе

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Читај повеќе

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе