Најдобриот рецепт за палента со печурки
Палентата во 1700. година во Италија била сметана за храна за сиромашните бидејќи се продавала по многу ниска цена и ја имало во изобилство.
Денеска палентата се смета за здрава храна која треба да се јаде барем еднаш во неделата.
Овој вид храна е богат со масти, прости шеќери и натриум, а ќе ви даде енергија за целиот ден.
Палентата е оброк кој се подготвува брзо и лесно. Може да ја јадете за ручек или вечера. Одлично се комбинира со печурки, сирење, зеленчук, босилек и слично.
На YouTube каналот на The Cooking Foodie го има најдобриот рецепт за совршена, кремаста палента со печурки. Погледнете го видеото.