Најдобрите голови во 2020
Поради пандемијата на COVID-19, 2020 година дефинитивно ќе остане запаметена како најлоша спортска година бидејќи се нарушени сите спортски активности, вклучително и во фудбалот.
Додека се стабилизира ситуацијата повеќето фудбалски натпревари се одржуваат без публика, а често се случува и фудбалерите да се разболат, па да прават поголеми паузи додека закрепнат.
Сепак, и годинава имавме можност да видиме неверојатни голови, а благодарение на ова видео може да се потсетиме на некои од нив.