Најдобрите модели во време на криза: Кои бензинци трошат најмалку?

Во време кога цените на горивото дивеат, економичноста на автомобилот стана една од неговите најпосакувани карактеристики.

За многумина тоа ќе биде поважно од богата опрема или помоќен мотор.

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) објави податоци за најекономичните модели со бензински мотори. Беа земени предвид само моделите со ригорозни и реални WLTP фабрички мерења на потрошувачка.

Секако, треба да се земе предвид дека и WLTP мерењата имаат одредени отстапувања, но дефинитивно се поблиску до реалната потрошувачка.

Победниците по класи се следните:

• Мали градски и подкомпактни автомобили

Toyota Yaris 1.5 Hybrid CVT (3,8 литри гориво на 100 км),

Mazda 2 Hybrid Pure CVT која користи ист погонски склоп како Yaris (3,8 литри гориво),

Renault Clio E-TECH Hybrid 145 Equilibre Automatik (4,2 литри гориво),

Honda Jazz 1.5 i-MMD Comfort e-CVT (4,5 литри гориво),

Suzuki Swift 1.2 Dualjet Hybrid Club (4,7 литри гориво),

Toyota Aygo X 1.0 (4,8 литри гориво),

Kia Picanto 1.0 Edition 7 (4,8 литри гориво),

Suzuki Ignis 1.2 Dualjet Hybrid Club (4,9 литри гориво),

Ford Fiesta 1.0 EcoBoost Hybrid Cool (5,0 литри гориво),

Škoda Fabia 1.0 MPI Easy (5,0 литри гориво).

 

• Компактна класа

Kia Niro 1.6 GDI Hybrid DCT6 (3,4 литри гориво),

Toyota Corolla 1.8 Hybrid (4,5 литри гориво),

Suzuki Swace 1.8 Hybrid Comfort+ CVT, практично ист автомобил како Corolla (4,6 литри гориво),

Renault Arkana E-TECH Hybrid 145 Intens Automatik (4,6 литри гориво),

Toyota C-HR 1.8 Hybrid Flow (4,9 литри гориво),

Audi A3 Limousine 30 TFSI S tronic (4,9 литри гориво),

Mazda 3 Fastback e-SKYACTIV-X 2.0 M Hybrid (5,0 литри гориво),

Ford Focus 1.0 EcoBoost Hybrid Cool & Connect (5,1 литри гориво),

Škoda Scala 1.0 TSI Cool Plus (5,1 литри гориво),

VW Golf 1.0 eTSI Life DSG (5,2 литри гориво),

Kia Ceed 1.0 T-GDI Edition 7 (5,2 литри гориво),

Hyundai IONIQ Hybrid (5,2 литри гориво).

 

• Средна класа

Škoda Octavia 1.0 TSI e-TEC Ambition DSG (5,0 литри гориво),

Toyota RAV4 2.5 Hybrid (5,6 литри гориво),

Lexus NX 350h Automatik (5,6 литри гориво),

Peugeot 508 1.2 PureTech 130 Active Pack EAT8 (5,8 литри гориво),

Citroen C5 X PureTech 130 Stop&Start Feel Pack EAT8 (6,0 литри гориво),

Audi A4 35 TFSI (6,0 литри гориво),

Audi A5 Coupé 35 TFSI (6,0 литри гориво),

Volvo V60 B3 Essential DKG (6,2 литри гориво),

Mercedes-Benz C 180 9G-TRONIC (6,2 литри гориво),

VW Passat Variant 1.5 TSI OPF Conceptline (6,3 литри гориво),

BMW 318i Steptronic (6,3 литри гориво),

Peugeot 5008 1.2 PureTech 130 Active Pack (6,3 литри гориво),

BMW 420i Coupé Steptronic (6,3 литри гориво),

Ford S-MAX 2.5 Hybrid Trend CVT (6,3 литри гориво).

 

• Виша и висока класа:

Lexus ES 300h Business Edition Automatik (5,2 литри гориво),

Škoda Superb 1.5 TSI Active (5,9 литри гориво),

BMW 520i Steptronic (6,1 литри гориво),

Toyota Highlander 2.5 Hybrid Business Edition (6,6 литри гориво),

BMW 630i Gran Turismo Steptronic (6,8 литри гориво).

реклама
Фото: Кајгана

Размислувате да земете кредит – каква каматна стапка да изберете: фиксна или променлива?

Read more

Џамија во Берлин развеа знаме со виножито

Read more

НБА ѕвездата Бриџис брутално ја претепал сопругата

Read more

Најсмешниот виц во светот, научно докажано

Read more

Авто новости

Совети за безбедно патување во лето

Read more

Не се полни со месеци, а чини 250.000 евра: Прв поглед на соларниот Lightyear 0

Read more

Колапс на руското производството на автомобили, пад за 97% во мај

Read more

Ferrari 410 Sport Spider кој го возеа Фанџо и Шелби оди на аукција

Read more
 

Автомобили

Совети за безбедно патување во лето

Читај повеќе
  • play_arrow

Не се полни со месеци, а чини 250.000 евра: Прв поглед на соларниот Lightyear 0

Читај повеќе

Колапс на руското производството на автомобили, пад за 97% во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Ferrari 410 Sport Spider кој го возеа Фанџо и Шелби оди на аукција

Читај повеќе

Го оставивте автомобилот на сонце?

Читај повеќе

Daimler прави камиони на водороден погон со домет од 1000 километри

Читај повеќе

Постигнат договор: Новите автомобили во ЕУ од 2035 година мора да бидат без штетни емисии

Читај повеќе

Red Bull RB17 ќе биде хибриден хиперавтомобил со 1.100 КС

Читај повеќе

Зошто се фрла сол на патиштата и во лето?

Читај повеќе