Сите тагуваат по легендарниот Коби Брајант.
Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Во урнатиот хеликоптер животот го загубија вкупно девет лица.
Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка.
Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.
Брајант (41) го одигра последниот професионален кошаркарски натпревар во 2016 година.
Тој ја заврши кариерата на начин на кој му доликува на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, во својот последен меч во кариерата постигна 60 поени, а во финишот на мечот со Јута, токму тој им ја обезбеди победата на „Езерџиите“ (101:96)
Многу познати личности денеска му оддаваат почит и изразуваат сочувство до неговото семејство за оваа огромна загуба.