Најдобрите пет бизнис идеи добија грантови од 20.000 евра од ПСМ Фондација

Скопје, 28 јули 2020 (МИА) – Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно пет грантови по 4.000 евра.

Беровко Дооел, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини, Анти стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби, 19 Мотор М, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор, Камера Обскура, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции, како и Маткасе Дооел, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits), се петте најиновативни идеи што добија поддршка за почнување сопствен бизнис.

Според ПСМ, акцелераторската програматраеше од април до јуни 2020 година, а имаше за цел да овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години кои имаат идеја за почнување сопствен бизнис.

За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја.

Програмата се содржеше од пет фази: предакцелераторска програма во чии рамки беа организирани два вебинара на теми „Генерирање бизнис идеи“ и „Решавање проблеми и бизнис канвас“, подготовка на бизнис канвас – учесниците изработуваа бизнис канваси за своите идеи, селекција на најдобрите бизнис идеи – 50 учесници изработија бизнис канваси и аплицираа во следната фаза, каде најдобрите 10 бизнис канваси беа избрани да преминат во следната фаза на изработка на бизнис план, акцелераторска програма за изработка на бизнис план (се одржа еден вебинар на тема „Изработка на бизнис план“ и менторски сесии за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план), бБизнис план натпревар и доделување на грантови – наградени 5 најдобри бизнис идеи со по 4000 евра поддршка за почнување на бизнисот.

Активностите се дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе