Книги
Напнатост до крај

Најдобрите трилер книги на сите времиња

27. септември 2018 - 14:29 | Б.С.Б.

Секој има свој омилен жанр на читање книги, но трилерот како жанр е опишан со неколку главни елементи како возбуда, тензија, исчекување, изненадување и слично распложение. Вообичаени поджанрови се криминалните трилери, мистериозните, психолошките, шпионските и така натаму.

Reader’s Digest направи листа на најдобрите трилер романи на сите времиња, проверете дали вашата омилена книга е меѓу нив.

1. Шпионски трилер (шпионажа на реален начин)

„The Spy Who Came In from the Cold“ од Џон Ле Каре (1963)

Дејството е сместено во текот на Студената војна, богата приказна која го портретира светот на тајните агенти. Исто така, не ги пропуштајте романите на Даниел Силва, како на пример „Портрет на еден шпион“ со главниот лик Габриел Алон, реставратор на слики и поранешен израелски убиец.

2. Техно трилер (напнато дејство со малку акција и научна фантастика, технологијата има значаен дел)

„From Russia with Love“ од Јан Флеминг (1957)

На сите ни е познат Џејмс Бонд и неговиот арсенал од паметни гаџети. Можете да го прочитате и романот „The Circle“ (Круг) од Дејв Егер, во кој е претставена застражувачка визија за иднината во која приватноста исчезнува, а со светото владее моќна кропорација.

3 .Класичен трилер

„The War of the Worlds“ – Х.Г. Велс (1898)

Велс е еден од првите трилер автори кој го претстави овој жанр, непознат за светот во тоа време.

4. Психолошки трилер

„The Silence of the Lambs“ од Томас Харис (1988)

Веројатно сте го гледале филмот, но вреди да се прочита книгата. Друга опција ви е „Before I Go to Sleep“ од С.Ј. Вотсон (2011), станува збор за жена која се буди со целосна амнезија, а потоа ги сложува деловите кои недостасуваат во сеќавањето.

5. Правен трилер

„Presumed Innocent“ од Скот Туроу (1987)

Книга со одлични ликови. Не треба да го пропуштите ниту „Defending Jacob“ од Вилијам Лендеј (2012), во која адвокат се бори да ја докаже невиноста на својот син, обивнет за убиство.

6. Медицински трилер

„Coma“ од Робин Кук (1977)

Незаборавна сага за пациенти кои одат во болница за „мали“ операции и никогаш не се будат.

7. Научно-фантастичен трилер

The Andromeda Strain“ (1969) од Мајкл Кричтон

Овој роман се уште се смета за најдобриот научно-фантастичен трилер на сите времиња.

8. Воен трилер

„The Great Escape Killing Floor“ (1977) од Ли Чајлд

Можеби сте го гледале филмот но не треба да ја пропуштите книгата.

9. Вистинит крими трилер

Реалниот живот може да биде инспирација за крими трилери, најпозната таква книга е „In Cold Blood“ (1966) од Труман Капоте, автор кој минал месеци по чекорите на двајца рурални убијци.

10. Авантуристички трилер

„Alive: The Story of the Andes Survivors“ од Пирс Пол Рид (1974)

Раскажува вистинта приказна за уругвајски рагби тим чиј авион се урива, а тоа реузлтира со неверојатни 10 недели во кои е вистински психолоѓки и физички предизивк да се преживее.

Коментирај