Најдобро облечени: Актерки кои ја вратија елеганцијата на Оскарите
Гламурот и елеганцијата не изостанаа на 95-тото доделување на Оскарите.
Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Оскарите, најпрестижната филмска награда во Америка. Годинава отсуствуваше црвениот килим и беше заменет со боја на шампањ, а мошне впечатливо беше дефилето на гламурозни фустани и креации.
На секој агол доминираа креациите на луксузните модни куќи со скапи детали, а во продолжение погледнете кои дами навистина го одземаа здивот кога се појавија пред фоторепортерите.