Најдобро облечените ѕвезди на BAFTA 2025
Лондон повторно беше епицентар на гламурот! Доделувањето на наградите BAFTA ги собра најголемите ѕвезди, а црвениот тепих беше вистинска модна писта. Додека филмските остварувања ги чекаа своите победници, ние не можевме да го тргнеме погледот од неверојатните модни изданија.
Кои ѕвезди навистина блеснаа? Селена Гомез во раскошна креација на Schiaparelli ги воодушеви сите присутни. Деми Мур покажа како изгледа класичен гламур во фустан на Alexander McQueen, надополнет со впечатливи детали. Памела Андерсон докажа дека минимализмот е секогаш во мода, во бел фустан на Jacquemus. Тимоти Шаламе уште еднаш покажа зошто е модна икона, облечен во Bottega Veneta.