Најдоброто од Милан во прекинатата сезона 2019/20
Милан сезонава во Серија А не можеше да се пофали со добри резултати и да ги задоволи своите навивачи со добри игри, но сепак имаше и по некој светол момент.
Во моментот на прекин Милан остана на 7. место со 36 бодови и борба за пласман во Лига Европа. Најдобар стрелец во тимот е Анте Ребиќ со 6 голови пред Тео Ернандес со 5, па заминатиот Кжиштоф Пјонтек со 4, а Златан Ибрахимовиќ и Хакан Чалханолу имаат по 3.
Најдобар асистент е Тео Ернандес со 3 асистенции, додека најстандарден е Алесио Ромањоли кој ги одигра сите 26 натпревари и тоа секој со комплетни 90 минути.