Најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика на 41. Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври

Годинешниот 41. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 13 до 16 октомври. Организаторите велат дека внимателно составената програма и годинава го имаше императивот за сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Десет реномирани состави од САД, Бразил, Европа и Македонија ќе музицираат во салонот на Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар.

Програмата, распоредена во четири вечери е разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

Фестивалот годинава ќе биде отворен со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од лидерот на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек. Ова е единствениот настап на оркестарот во Европа (покрај оној во Лисабон летово) со актуелната инкарнација на Exploding Star Orchestra, заслужна за ремек-делото „Dimensional Stardust“ од 2020 година. Ексклузивноста во Скопје ќе добие уште повеќе на тежина со придружбата на 20-члениот камерен оркестар на Fames – European Orchestral Performing Institute, изведувајќи заедно, покрај материјал од спомнатиот албум, и дело специјално напишано за оваа прилика.

Истата вечер во МКЦ ќе музицираат Zulu 3.4, современо инструментално трио од Скопје коешто го сочинуваат Дамјан Даневски (тапани), Мартин Џорлев (клавијатури) и Марио Симоновски (гитара). Формирани се во 2018 година, водени од идејата преку фузија на различни стилови и со употреба на современи технички помагала да создадат уникатен звук и да внесат свежина на домашната музичка сцена и пошироко. Нивната музика, распоредена на три албумски остварувања, содржи широк спектар на влијанија и инспирации: од најсуптилните мелодични изданоци на чикашкиот пост-рок па сè до некои модерни (не само) џез фузии, проникнувања и вкрстувања.

Втората фестивалска вечер ќе ја одбележи, пред сè, специјалниот проект Turiya на џез-перкусионистот број еден во светот Хамид Дрејк, посветен на делото на афроамериканската активистка, композиторка, органистка, пијанистка, харфистка, автор на неколку книги и духовен водач Алис Колтрејн.

Петочната програма продолжува во МКЦ каде што најпрвин ќе настапи новото noise/funkrock/sound-art трио ABACAXI.

Полноќниот концерт на домашниот џез состав Taxi Consilium ќе ја заокружи првата половина од годинешната фестивалска понуда. Се работи за исклучително интересна екипа составена од неуморни музички активисти (членови на: Cobalt Code Unit, Yordan Kostov Quintet/Ensemble, Filip Bukrshliev Trio, Fighting Windmills, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Shock Troopers и Пијан Славеј) што гравитираат околу бујно талентираниот, интелигентен и инспиративен гитарист Филип Букршлиев – ланскиот добитник на наградата „Најдобар млад македонски џез музичар“.

Саботната вечер на претстојното издание на фестивалот ќе стартува со новото бразилско чудо, виртуозниот пијанист Амаро Фреитас. Придружен од неговото трио, тој во Скопје ќе го претстави своето најубаво и најискрено дело досега – албумот „Sankofa“, своевидна духовна потрага по заборавените приказни, античките филозофии и инспиративните фигури на т.н. црн Бразил.

Супергрупата Subtropic Arkestra, пак, на трубачот Горан Кајфеш e веројатно најдобриот од многуте бендови со афробит, етио-џез и биг-бенд фанк корени и влијанија, во чиј состав се некои од најдобрите шведски џез музичари.

Полноќната саботна програма ќе мине во знакот на уште еден ексклузивитет – светската премиера на новиот проект на Дејмон Локс и Роб Мазурек – New Future City Radio. Во Скопје, како специјален гостин, ќе им се придружи бразилскиот перкусионист Мауруцио Такара (Hurtmold, São Paulo Underground…).

Последната вечер на 41. Скопски џез фестивал ќе ја отвори гордоста на бруклинската авангардна сцена, џез-триото Thumbscrew. Нашата публика ќе ја има привилегијата да биде дел од одбележувањето на десетгодишнината од работата на оваа генијална музичка појава, составена од реномираните њујоршки ѕвезди: Mary Halvorson (гитара), Michael Formanek (бас) и Tomas Fujiwara (тапани). Средбата со нивниот отворен, жив, духовит и амбициозен музички израз ќе ни овозможи да го откриеме нивниот уникатен музички универзум, како и да го вкусиме новото возбудливо дело „Multicolored Midnight“ (Cuneiform Records), седмиот албум на групата, наведуваат организаторите на Скопски џез фестивал.

Годинешното фестивалско издание ќе го заклучи еден од најзначајните и најбараните (контра) басисти на светската џез и импро сцена денес Ингебригт Хакер Флатен со својот нов проект (Exit) Knarr. „Knarr“ е тип на брод изграден во Скандинавија околу 1000-та година, што се користел за пловидба по светот, исто како што Ингебригт патува низ светот воден од неговите музички авантури. (Exit) Knarr е посвета на различните места што ги посетил, а секоја песна го доловува духот на градовите Остин, Чикаго, Трондхајм, Амстердам… Музиката е резултат на неговите богати искуства во различни жанрови и традиции изградени во текот на долгата кариера, длабоко вкоренети во џезот и авангардата, но и во музиката на светот и психоделичниот рок.

Програмата на 41. Скопски џез фестивал ќе биде збогатена со премиерното прикажување на музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“, филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, кое освои Оскар и Греми оваа година.

Во рамките на фестивалот ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2022 година. Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен апел за емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените.

реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Ременски за убиената Вања: Таткото прв знаел дека нема да може да се изврши изнудата, Вања била задушена и станала неупотреблив заложник

Read more

Култура

7 декември 1993 година, почина Блаже Конески

Read more

Недела на полски филмови во Кинотека со 5 филма на Сколимовски

Read more

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

Read more

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Read more
 

Вести

Во новиот закон, помилување може да има само ако е донесена правосилна судска пресуда

Читај повеќе
  • play_arrow

Спасовски: Ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Читај повеќе

Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д

Читај повеќе
  • filter

7 декември 1993 година, почина Блаже Конески

Читај повеќе

Мајката на Вања: Сега ми е најважно да си го заштитам другото дете

Читај повеќе
  • play_arrow

Што потпишаа Путин и саудискиот принц Бин Салман?

Читај повеќе

Ковачки: Возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена било на скопските улици, Спасовски да одговори зошто не е детектирано од Сејф сити

Читај повеќе

Кумашинот на Путин ја регистрира „Втора Украина“ во Србија

Читај повеќе

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Читај повеќе