Најдоброто време за вежбање во денот се разликува за мажите и жените

А.С.
/ 01.03.2023 / 20:47

Придобивките од вежбањето се непобитни без оглед на тоа кога ќе одлучите да започнете да ја вклучувате оваа корисна рутина во вашиот распоред.

Неодамнешните истражувања откриваат дека може да има оптимално време од денот за вежбање, а се вели дека се разликува за мажите и жените и во зависност од поставените цели.

Тим истражувачи од Лабораторијата за човечка исхрана и метаболизам на Одделот за здравје и човечки физиолошки науки на колеџот Скидмор, Факултетот за здравствени решенија на Универзитетот во Аризона и Одделот за кинезиологија на Државниот универзитет во Калифорнија се обидоа да го одредат оптималното време од денот за вежбање.

Текот на истражувањето

„Со оглед на познатите полови разлики во резултатите од вежбањето, оваа студија ги квантифицираше здравствените придобивки и перформансите кај одделни групи жени и мажи кои вежбале во различни периоди од денот“, велат истражувачите. Со цел да се одреди оптималното време од денот за вежбање, студијата следела 30 жени и 26 мажи во текот на 12 недели. Учесниците беа поделени по случаен избор во групи кои вежбаа или наутро или навечер.

За да добијат репрезентативни резултати, истражувачите анализираа „мускулна сила (bench/leg press), издржливост (стомачни, склекови) и сила (скокови од чучњеви, bench press), состав на телото (телесни масти, стомачни масти), систолен/дијастолен крвен притисок (БП), однос на респираторната размена, расположение и исхрана“. Тие потоа повторно ги процениле тие ставки по 12 недели.

27 од 30 жени и 20 од 26 мажи го завршија 12-неделното тестирање. Што открија?

Кај учесниците, истражувачите забележале значајна разлика помеѓу утринското и вечерното вежбање при изведување вежби како што се склекови, bench press, вежби за сила, но и помеѓу вредностите на телесните масти, стомачните масти и крвниот притисок.

Кај мажите, имаше забележливи разлики во систолниот крвен притисок и замор кога се споредуваат навиките за утринско и вечерно вежбање.

Што заклучија истражувачите?

Утринското вежбање ги намали стомачните масти и крвниот притисок, а вечерното вежбање ги подобри перформансите на мускулите кај женската група. Во групата мажи вечерните вежби ја зголемуваат оксидацијата на мастите и го намалуваат систолниот притисок и заморот. Затоа, времето од денот во кое се изведува вежбањето може да биде важно за оптимизирање на индивидуалните резултати на здравјето и перформансите предизвикани од вежбање кај физички активните лица и може да биде независно од внесот на макронутриенти.

Сепак, дури и ако не можете да го вклопите вашето вежбање во оптималното време од денот, движењето на вашето тело секогаш кога можете е несомнено корисно за вашето здравје.

Тагови
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Фит

Враќање во форма: Едноставен тренинг за почетници

Read more

Што се случува во телото ако секој ден јадеме овесна каша?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Read more

Какви промени ќе забележите на телото ако почнете да вежбате со тегови?

Read more
 

Магазин

Најлошата првоаприлска шега: Кога Google направи хаос со мејловите

Читај повеќе

Шест заблуди кои ви го уништуваат сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се можните причини за вртоглавица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се 15-те најбрзи авиони во светот?

Читај повеќе

Љубовен хороскоп за април 2023 година

Читај повеќе

Како да знаете дека ви недостига витамин Ц?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стјуардеса стана интернет сензација откако ослабе 100 килограми

Читај повеќе

Зелени тестенини со печурки и свински врат

Читај повеќе

Јадењето навечер дебелее: Мит или вистина?

Читај повеќе