Новак Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимблдон. Но, најпоучниот и најемотивниот момент се случи непосредно пред соблекувалната.
Новак Ѓоковик, по врачувањето на трофејот од Вимблдон, изјави дека прoживува неверојатно чувство, кое дополнително го зголемува фактот дека со сопругата Јелена, во неговиот бокс се наоѓа и три и пол годишниот син Стефан.
„За прв пат е тука некој кој вика „тато, тато“, истакна Ѓоковиќ на Англиски, а потоа му се обрати на својот син и на српски.
„Те сакам најмногу, сине“, рече Ѓоковиќ.
Новак не го криеше воодушевувањето, а овие сцени, помеѓу таткото и синот, веќе се прогласени за најемотивните моменти од овогодинешното издание на Вимблдон.