Најголем одзив до 9 часот има во ИЕ1, гласањето се одвива непречено

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – Гласањето на предвремените парламентарни избори во првиот час и половина минува непречено, а одзивот на гласачите според податоците до 9:00 часот од 2.326 избирачки места, каде гласале 94.167 гласачи е 5,19 отсто, информираше портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција.

Навреме се отворени сите гласачки места во 7:00 часот, а гласањето ќе заврши во 21:00 часот. Се гласа на 3.480 избирачки места, а на 90 има помалку од десет гласачи така што тие се изјаснуваат во најблиското гласачко место.

Во ИЕ 1 одзивот на гласачите е 6,58 отсто. Најмногу гласачи до 9:00 имало во општина Аеродром каде одзивот е 10,13 отсто, додека најмал е одзивот во Студеничани – 1,81 отсто.

Во ИЕ 2 одзивот е 4,58 отсто. Највисок е во Ѓорче Петров – 8,05 отсто, а најмал во општина Липково – 0, 93 отсто.

Шабани не ги соопшти податоците од изборната единица 4.

Во ИЕ 3 одѕивот до 9:00 часот е 6,1 отсто. Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.

Во ИЕ – 5 одзивот е 5,22. Највисок е одѕивот во Кривогаштани 13,1, додека во Центар Жупа е најмал – 1,01 отсто.

Во ИЕ – 6 одзивот на гласачите е 2,59. Во Јегуновце бил највисок 4,17 додека најмал во Врапиште 1,39 отсто.

Право на глас на овие избори имаат 1.814.613 гласачи.

Шабани информираше дека во понеделникот правото на глас го искористиле вкупно 723 граѓани позитивни на COVID-19 и во самоизолација.

Од вкупно 8.852 болни, немоќни и хронично болни чии пријави беа прифатени гласале 8.325 односно 94,04 отсто

Во 13 Казнено-поправни домови од 1.657 запишани во избирачкиот список гласале 1.272 односно 76,76 отсто. Во 17-те старски домови од 357, гласале 234 избирачи односно 80,62 отсто. Шесте внатрешно-раселени лица не гласале.

До одржувањето на прес-конференцијата, официјало не пристигнал ниту еден приговор за гласањето до ДИК.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе