Најголем процент на вакцинирани во светот има Палау - 99%

Малата пацифичка држава Палау има најголем процент на луѓе во светот кои се вакцинирани против коронавирусот, објави денеска Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст (МФЦК) и апелираше до нејзините соседи да го следат тој пример и да ги засилат напорите за имунизација.

Според МФЦК, 99% од населението во Палау над 12-годишна возраст ги примило двете дози на вакцината против коронавирус, повикувајќи се на владини податоци кои покажуваат дека станува збор за 16.152 лица.

Тоа го става Палау, архипелаг од 500 острови во западниот дел на Тихиот Океан, на „прво место“, наведува МФЦК.

Се додава дека Палау е пред земји како Португалија, која е прогласена за една од земјите со најголем број вакцинирани во светот, бидејќи 80% од населението од 10-те милиони луѓе е целосно имунизирано.

Но, исто така, овој извештај е остар контраст со другите мали нации во регионот кои го одложија воведувањето вакцинација поради ограничената понуда на вакцини и двоумењето на населението.

Итноста за зголемување на стапката на вакцинација во регионот е зголемена со претстојната сезона на циклони во пацифичкиот регион, што би можело да предизвика поголема штета на егзистенцијата која веќе е погодена од пандемијата, наведува МФЦК.

Палау

МФЦК додава дека државата Палау не е сама меѓу пацифичките држави што водат во светски рамки во однос на стапката на вакцинација по глава на жител.

Куковите Острови, кои имаат 17.000 жители, имаат 96% од населението кое е целосно вакцинирано, додека далеку поголемиот Фиџи, со 896.000 жители, има 96% од населението кое примило барем една доза, додава МФЦК.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе