Најголемата река на светот го поплави Судан
Реката Нил се излеа на многу места во Судан предизвикувајќи големи поплави, а има и загинати.
Најголема штета Нил предизвика во главниот град Картум каде уништи домови и инфраструктура. Илјадници се евакуирани, додека десетина луѓе загинаа.
Со должина од 6.650 километри Нил е најголемата река на светот, за малку пред Амазон иако бразилските власти го оспоруваат овој факт.
Нил тече низ Уганда, Јужен Судан, Судан и Египет, но главниот и најголем извор и натаму останува мистерија бидејќи разни теории го сместуваат во ДР Конто, Кенија, Танзанија, Бурунди и Уганда.