Најголемата сензација во Токио: Полицаец роден во Тексас кој не знае англиски

Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс е победник на трката на 100 метри на ЛОИ во Токио.

Џејкобс во финалната трка мина за 9.80 секунди со што постави нов европски рекорд, четири стотинки подобро време од она кое претходно го трчаше во полуфиналето, а кое исто така беше европски рекорд.

Италијанецот им ја врати на Европејците титулата во оваа дисциплина по 29 години.

URL

„Не знам, сето ова ми делува како сон. Се чувствувам фантастично. Мислам дека дури утре ќе сфатам што сум направил. Сега ми делува неверојатно“, изјави тој по сензационалната пoбеда.

Џејкобс во Токио не дојде со големи очекувања, но го искористи фактот дека во финалето не имаше некој фаворит. Обложувалниците му дадоа 3% шанси за победа, но и покрај сите прогнози, успеа да победи.

Џејкобс е роден во САД, во Ел Пасо. Татко му е Американец, а мајка му Италијанка. Поголем дел од животот минал токму во Италија. Израснал без татко, кој бил испратен на мисија во Јужна Кореја, па продолжил да живее во Далас. Целата грижа за него ја презела мајка му.

Сепак, родителите повторно стапиле во контакт, а самиот Џејкобс вели дека тоа имало позитивно влијание на неговиот живот. На 10-годишна возраст почнал да се занимава со атлетика.

URL

Оженет е и тако на две деца со сопругата Никол, а има и дете од претходната врска. Иако е роден во Тексас, себеси се смета за вистински Италијанец, а многу малку се чувствува како Американец, призна и дека не го знае баш најдобро англискиот јазик.

Новиот олимписки шампион во елитната дисциплина, кој досега живееше во анонимност, освен што се занимава со атлетика, тој е член и на спортскиот оддел на италијанската полиција.

Претходно годинава стана европски првак на 60 метри, а пред две години на Светското првенство во Доха испадна во полуфиналето.

Вивиана Масини, мајката на 26-годишниот Марсел, со солзи и емоции изјави дека нејзиниот син нема да застане тука.

„Како дете му кажав дека ќе му се придружи на Усаин Болт на врвот и тоа и го направи. Следната цел е светски рекорд и ќе успее ако не оваа година, тогаш следната“, изјави самоуверено мајката на човекот кој стана најголемата сензација на Олимписките игри во Токио.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе