Вести

Најголемата соларна фарма на светот произведува струја за 2 милиони луѓе

18. јули 2019 - 17:08 | А.С.

Мароко има зацртано цел да стане светски лидер во обновлива енергија, а во таа насока ја има најголемата фарма за концентрирана соларна енергија.

Изграден на површина од над 3.000 хектари – големина на 3.500 фудбалски игралишта – комплексот Noor-Ouarzazate произведува доволно електрична енергија за да се напојува град од 2 милиони луѓе.

Сместен на влезот на пустината Сахара, комплексот произведува 580 мегавати електрична енергија, со што ја заштитува планетата од над 760.000 тони испуштен јаглерод моноксид.

Мароко има зацртано многу амбициозна цел: да добива 42% од целата струја од обновливи извори до 2020 година.

Земјата е на добар пат да го оствари тоа, со оглед на фактот дека 35% од струјата веќе ја добива од обновливи извори како Noor Ouarzazate.

Коментирај