Најголеми хипохондрици во зодијакот

Хипохондријата се дефинира како неоснован страв од болест. Во поблага форма е преувеличување на состојбата или симптомите во случај на некакво заболување или присуство на закана по здравјето.

Живееме во време на пандемија кога реално може да се заразиме од коронавирусот, но ако се заштитиме и ги почитуваме мерките, ризикот значително се намалува.

Некои хипохондрици паничат, додека други само бараат внимание. Во зодијакот има тројца дежурни хипохондрици, а кралица на сите е Девицата.

Девица

Убедливо најголем хипохондрик меѓу хороскопските знаци. Постојано прави лекарски прегледи, анализи на крв и од нешто боледува „100%“. Ако погледне документарец или видео на YouTube за некоја ретка болест, во истиот миг ги чувствува симптомите. Во најлош случај стравот за здравјето преминува во опсесија и често знаат да го пренесат тој страв и на нивните деца.

Постојано го чистат и дезинфицираат домот, пречесто мијат раце и се затвораат дома кога е сезона на настинки. Во време на пандемија не очекувајте да ги видите во јавност, освен ако не носат заштитна опрема од глава до пети.

Јарец

Многу им е тешко да излезат на крај со своите стравови, а еден од нив е и стравот од болест. Најчудно кај нив е што стравот дека се болни од нешто ги носи во друга насока – одбегнуваат да одат на лекар.

Затоа ќе гуглаат и ќе бараат објаснување за симптомите што ги имаат (или ги замислуваат) и се убедуваат во најлошото сценарио. Панично се плашат да бидат немоќни и да зависат од некого, а болеста за нив значи токму тоа.

Риби

Рибите имаат навика да ги преувеличуваат нештата, а тука спаѓаат и симптомите за разни болести и здравствени состојби. Не се толку исплашени дека нешто навистина им се случува колку што сакаат да привлекуваат внимание.

Не одат на лекар, но ќе земат болдување, ќе се изолираат од сите и ќе одбегнуваат контакти. Потајно уживаат во таа самотија, па хипохондријата им доаѓа како изговор. Склони се кон самосожалување, но кога се навистина болни бараат помош.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе