Netflix го сподели трејлерот за новата романтична комедија „Love, Guaranteed“ во режија на Марк Стивен.
Главните улоги ги играат Рејчел Леј Кук и Дејмон Вајанс Џуниор.
Трејлерот открива дека ликот на Кук, Сузан, се обидува да ја спаси нејзината правна фирма од пропаст, па го прифаќа ангажманот на Ник (Вајанс Џуниор), богат и шармантен ерген кој сака да тужи онлајн агенција за наоѓање партнери бидејќи не му нашле соодветна кандидатка по 986 обиди.
Како што се развива судскиот случај, така се заплеткува нивната романтична приказна, прошарана со соодветна доза хумор и пријателски досетки.
Премиерата е на 3 септември на Netflix.