Живот

Најголемите емотивци меѓу хороскопските знаци

15. јануари 2020 - 17:25 | Б.С.Б.

Личностите родени во овие хороскопски знаци се исклучително чувствителни и кај нив емоциите многу често го имаат главниот збор.

Тие најчесто се чувствуваат неразбрани, како никој да не ги цени доволно, пишува Your Tango.

Овие три знаци важат за најголемите емотивци:

Рак

Постојано се чувствуваат како никој да не ги разбира. Најчесто мислат дека не се разбрани од блиските луѓе за кои тие прават многу, а не добиваат исто за возврат.

Тоа многу често ги растажува па често менуваат друштва со цел да пронајдат замена за тоа што не го добиле од семејството или од партнерот.

Риби

Сè сфаќаат лично. Дури и ако сте кажале нешто што не е упатено за нив. Наоѓаат начин тоа да го поврзат лично со себе и да се растажат или налутат.

Тие се безнадежни романтичари кои од ден на ден замислуваат прилично нереални ситуации за кои не наоѓаат начин да ги остварат, а тоа уште повеќе ги фрла во очај.

Јарец

Јарците сметаа дека нив никој не ги разбира во светот. Често страдаат од комплекси на ниска вредност, но нивните емоции, за разлика од Раковите и од Рибите, не ги покажуваат пред другите.

Сепак, се случува некоја ситуација да ги исфрли од такт па сите насобрани емоции им излегуваат на површина, шокирајќи ги другите.

Коментирај