Живот

Најголемите лажговци се раѓаат во овие хороскопски знаци

16. октомври 2019 - 17:47 | М.С.

Иако сите лажеме понекогаш, луѓето родени во овие хороскопски знаци лажат почесто. Тие сметаат дека лагата е полесниот начин за да добијат нешто.

Your Tango смета дека овие три знаци се најголемите лажговци во хороскопот.

Овен

Oвенот обожава да претерува. Ретко ќе ги фатите дека лажат, па дури и да се случи тоа, нема да ви се извинат. 

Сакаат да се претстават во најдобро светло и ќе измислуваат ситуации кои никогаш не се случиле.

Близнаци

Близнаците лажат затоа што немаат храброст да ја кажат вистината, особено во тешки ситуации.

Иако ја говорат вистината, знаат да додадат измислени детали. Ако ги фатите дека лажат, ќе се насмејат и ќе кажат дека сите лажат понекогаш.

Водолија

Водолиите понекогаш се вистински кукавици. Тешко им е да се соочат со вистината, па ја ублажуваат со лаги.

Понекогаш изговараат толку многу лаги што на крајот на денот и самите веруваат во нив.

Коментирај