Најголемите маани на водените знаци: Рак, Скорпија и Риби

Хороскопскиот знак на кој припаѓате според Зодијакот не може целосно да ве дефинира, но може да каже многу за вас.

Покрај заедничките доблести кои ги красат припадниците на секој знак, имаме и маани и негативни страни што ги делиме со другите луѓе кои припаѓаат на истиот хороскопски знак како нас.

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Водените знаци се сметаат за знаци со емотивна енергија.

Водата е манифестација на емоции и чувства, и сите водени знаци плачат, било буквално или метафорички. Имаат бујна фантазија, која често ги доведува до сожалување: за своите деца (Ракот), за својата невиност (Скорпијата) или за светската болка (Рибите). Сите тие се во движење, а ние сме „придвижени“ од чувствата и од најдлабоките несвесни инстинкти.

Сепак, и овие емотивци имаат маани и негативни страни поради кои понекогаш не се најдоброто друштво.

РАК

1) Нивните промени на расположение се неподносливи.

2) Знаат да кажат тешки зборови и никогаш да не признаат вина.

3) Може да станат толку зависни од вас што ќе ве следат поверно од сенка.

4) Како партнери, за кратко време сакаат сериозна врска, брак и семејство, иако и самите не се сигурни дали се подготвени за тоа.

5) Животот со нив може да стане монотон и предвидлив – ретко се согласуваат на нешто ново.

СКОРПИЈА

1) Неописливо се љубоморни и не признаваат никакви оправдувања по тоа прашање.

2) Со нив често нема да знаете како се чувствувате бидејќи се вешти манипулатори.

3) Знаат да ве игнорираат во целост, а ако некогаш заминат од вашиот живот, никогаш нема да се вратат.

4) Имаат многу тајни.

5) И најмалите несогласувања со нив прераснуваат во огромни расправии и конфликти.

РИБИ

1) Не се концетрираат во комуникација, па често мора истото да им го повторувате по неколку пати.

2) Тешко е да ги натерате да почнат нешто, а уште потешко е да го завршат во дадениот рок.

3) Често ќе ви се чини дека не се вклопувате во нивниот живот бидејќи постојано и драстично ги менуваат нивните планови за иднината.

4) Многу се пожртвувани за другите, но како нивен партнер тоа значи дека често ќе мора вие да се грижите за нив.

5) Преголеми идеалисти се и често имаат нереални очекувања од луѓето, па потоа се разочаруваат. Кога ќе почнат да се жалаат не сакате да сте првиот човек до нив.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе