Љубов и секс

Најголемите прељубници меѓу хороскопските знаци

22. ноември 2019 - 12:42 | Б.С.Б.

Некои луѓе сакаат да уживаат во стабилна, моногамна врска, додека други не можат да се смират само со еден партнер па се склони на љубовни авантури и неверство, пишува Bustle. Проверете во која група спаѓате, според хороскопскиот знак.

Овие три хороскопски знаци се сметаат за најопасни прељубници:

Овен

Со Овенот владее планетата Марс која носа акција, агресија и сексуалност. Тоа значи дека најверојатно личноста родена во овој знак може да изневери некого без притоа да се двоуми. Всушност, тие се толку импулсивни што не си оставаат себеси време за размислување, а брзо губат интерес за партнерот кога на видик ќе се појави нешто ново.

Близнаци

На Близнаците им се потребни разноликоста, слободата и флексибилноста за да бидат среќни. Тие се многу друштвени, постојано сакаат да запознаваат нови луѓе, а понекогаш се склони да одржуваат паралелни врски. Никогаш не прават нешто со намера да ве изневерат, но ако тоа се случи, ќе се обидат да се извлечат на сите можни начини, без да признаат за тоа.

Вага

На Вагите многу им е важен балансот, особено кога се во романтична врска. Ако Вагата ве изневери тоа е знак дека не е исполнета во врската. Ќе чувствува голема вина за неверството, но сè ќе крие за мир во домот. Ако ја фатите на дело, веројатно на почетокот ќе одрекува, но ако малку ја притеснете во ќоше, ќе биде искрена.

Коментирај