Најголемите секс фантазии кои жените се срамат да ги признаат

Фантазирањето и мечтаењето за одредени работи подеднакво се важни за здравиот сексуален живот на луѓето. Особено кога станува збор за женските фантазии кои најчесто се тајна, дури и кога луѓето сакаат да зборуваат отворено за сексот, некои ги сметаат за претерано ризични за споделување. Или едноставно се срамат да ги кажат.

Мечтаете за секс во кој рацете ќе ви бидат врзани над главата или фантазирате за секс со човек кој не го познавате? Знајте дека не сте сами, многу жени ги имаат истите фантазии и тоа се само фантазии, не треба да се плашите од нив, пишува Metro.

1. Фантазирате некој да е доминантен со вас

Од спенкинг до врзување на рацете до поекстремни аспекти на сексуална доминација, вклучувајќи и БДСМ, доминацијата возбудува многу жени. Но, не сите на истиот начин, некои жени сакаат да доминираат над партнерот.

Но, како и сите останати фантазии, не значи дека го рефлектираат тоа што го посакуваме во реалниот живот. Според психологот Џо Хеминг, не треба да има конфузија за улогите кои ги играме во секојдневниот живот.  Тоа е еден вид ослободување од стресот, сексуален јин на професионалниот јанг, поедноставно кажано.

2. Преземање на контролата

Жените фантазираат да бидат доминирани во кревет, но истовремено понекогаш сакаат улогата да се промени, па тие да бидат доминантни, познато како изразот „switch“ во БДСМ светот што докажува дека нема правила и рестрикции за сексуалните фантазии.

3. Секс со непознат маж

Сексот со непознат маж во реалноста е ризичен и опасен, но нема штета од тоа кога фантазирате. Самата идеја е возбудлива, но не значи дека ќе ја остварите во реалниот живот.

4. Секс со некој кој е „забрането овошје“

Додека повеќето жени не сакаат да имаат ништо сексуално со партнерите на нивните другарки, колешки, сосетки и слично, во реалноста жените фантазираат за тоа. Дури 65% од жените кои учествувале во истражување, објавено во The Journal of Sexual Medicine, изјавиле дека тоа им е најчестата фантазија.

5. Групен секс

Можеби во порно филмовите групниот секс изгледа како нешто секојдневно, во реалноста малкумина имаат можност да ја пробаат оваа фантазија, па продолжуваат да си фантазираат.

Според британската секс експертка Ребека Дејкин, фантазијата за групен секс е многу честа кај жените кои немале многу сексуални партнери и можеби подолго време се во долга врска/брак.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе