Некогаш еден од најдобрите напаѓачи во англискиот фудбал, Енди Керол сега е во четвртата француска лига. Потпиша договор со паднатиот француски гигант Бордо, каде ќе игра до крајот на сезонава.
Енди Керол (35) денеска е ветеран кој не постигна ни трошка од очекуваното. Беше на својот врв во 2011 година кога Ливерпул за него плати повеќе од 40 милиони евра, што беше еден од рекордните трансфери во тоа време.
Сепак, нема навивач на Ливерпул кој смета дека било која друга зделка е најголемиот неуспех на клубот од купувањето на Керол. Го напушти „Енфилд“ на позајмица, а потоа „Црвените“ го продадоа по две години во Вест Хем за само 17 милиони евра.
Луташе по клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип, а минатата година се впушти во интересна авантура и потпиша за францускиот Амјан. По една година реши да назадува, па ги изненади сите потпишувајќи за четвртолигашот Бордо.
Гигантот на кој се дави во проблеми, Бордо, испадна во четвртата лига на францускиот фудбал од каде ќе го започне патот кон опоравувањето, а на располагање ќе има поранешна ѕвезда на англискиот фудбал.
„Неговата висина и талент за постигнување голови и борбеност сигурно ќе ни помогнат оваа сезона. Едвај чекаме да го видиме на теренот“, изјавија од таборот на популарните „Жирондинци“.
💥 MERCATO 💥
— FC Girondins de Bordeaux (@girondins) September 18, 2024
Welcome @AndyTCarroll 😉 Le club 🔵⚪ est enchanté d'accueillir l'attaquant international anglais 🏴
Une très grande expérience du haut niveau avec près de 4️⃣5️⃣0️⃣ matches pros, un renfort de choix pour l'attaque bordelaise ! pic.twitter.com/QQfFC4sM7h
Керол дури и стигна до репрезентацијата на Англија во неговите славни денови, постигнувајќи 2 гола во 9 настапи.
Кариерата ја почна во академијата на Њукасл, од каде се пресели во Ливерпул, за кого на 44 натпревари постигна само 6 гола. Потоа најмногу беше во Вест Хем, каде за 76 години одигра 126 натпревари и постогна 33 гола.