Најлош тим за 2018: Озил во средината, Кариус на голот

Шпанскиот весник Marca утрово го објави Најлошиот тим за 2018 година, како одговор на Најдобриот тим на годината според ФИФА. Играчите кои влегоа во изборот на Marca беа одбрани од страна на новинарите на весникот, според тоа кој од нив имал најразочарувачка сезона.

Уредниците и новинарите од Marca ги одбраа најлошите играчи од минатата сезона и ги сместија во единаесеторка која беше наречена „Најлошиот тим за 2018 година“. Листата ја предводи Месут Озил, но покрај него во составот има уште неколку фудбалери кои имаа тешка и разочарувачка сезона.

Како голман на Најлошиот тим на годината Marca го именуваше Лорис Кариус, кој и покрај релативно солидната сезона, беше трагичар на финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул и доби многу лоша репутација поради тоа. Пред него, во одбраната се најдоа Бенедикт Ховедес (Јувентус/Локомотив Москва), Виктор Линделоф (Манчестер Јунајтед) и Леонардо Бонучи (Милан/Јувентус). Сите тројца имаа многу лоши сезони зад себе, а Ховедес остави толку лош впечаток што од редовите на Јувентус направи трансфер во рускиот Локомотив Москва.

Новинарите на Marca сметаат дека и покрај огромната конкуренција во средниот ред за минатата година, најмногу разочараа Месут Озил, Весли Снајдер, Тиемуе Бакајоко, Гансо и Алексис Санчез. Најмногу критики доби Озил, кој не успеа да биде лидерот кој му беше потребен на Арсенал по заминувањето на Алексис Санчез, но и беше еден од најлошите играчи во составот на Германија кој како бранител на титулата на Мундијалот испадна уште во групната фаза.

Во нападот се најдоа Лусијано Вието и Келечи Иеаначао, двајца поранешни надежни напаѓачи кои сега се обидуваат да излезат од фудбалскиот заборав играјќи низ просечни тимови од Премиер лигата. Некогаш еден од најнадежните млади фудбалери од Аргентина, а денеска само повремен стартер во Фулам – Лусијано Вието е приказна од која треба многу да научат младите фудбалери.

Целосниот состав изгледа вака:

Голман: Лорис Кариус

Одбрана: Бенедикт Ховедес, Леонардо Бонучи, Виктор Линделоф

Среден ред: Месут Озил, Весли Снајдер, Тиемуе Бакајоко, Гансо, Алексис Санчез

Напад: Лусијано Вието, Келечи Иеаначо

Со овој тим шпанскиот весник ја продолжи долгогодишната традиција на одбирање на најлошите поединци од претходната сезона, нешто на кое со нетрпение се чека во Шпанија, баш поради бројните шеги кои произлегуваат од изборот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе