Денеска е 1 април, датумот кога традиционално се одбележува Светскиот ден на шегата. Иако во различни земји во светот се слави на различни начини, суштината е иста: на овој ден секој треба да биде подготвен за некоја првоаприлска шега.

Но, понекогаш првоаприлските шеги можат да тргнат наопаку, што му се случи на Google пред неколку години.
Имено, на 1 април 2016 година, Gmail ја доби опцијата mic drop, која овозможи да се испрати е-пошта за никој да не може да одговори на неа. Со кликнување на Minion гифот на mic drop кој го фрлаше микрофонот на другата страна, јасно беше дека вие сте го кажале вашиот збор.
Сепак, многумина случајно ги испратија своите мејлови користејќи mic drop, бидејќи таа опција беше веднаш до опцијата за нормално испраќање. На овој начин ја прекинаа комуникацијата со другата страна која воопшто не можеше да одговори. Ова беше особено непријатно затоа што некои испраќаа апликации за работа, барања, молби и покани до роднини.
Иако Google не е виновен ако некој случајно го испратил, виновен е што се појавил баг поради кој некои корисници не можеле ни да испратат е-пошта на поинаков начин и нормалната опција Send испраќаше Minions и блокираше повратни пораки.
Google официјално се извини за пропустот.
„Изгледа дека самите се насамаривме годинава. Поради баг, опцијата mic drop предизвика повеќе главоболки отколку смеа. Навистина ни е жал. Опцијата е отстранета“.
Google е познат по првоаприлските шеги, а со текот на годините смислија стотици од нив. Сепак, оваа шега беше прогласена за нивна најлоша.