Сан Марино оствари историска победа против Лихтенштајн со резултат 1:0 во првото коло од Лигата Д на Лигата на нации.
Оваа прва натпреварувачка победа за Сан Марино дојде благодарение на голот на 19-годишниот Ник Сенсоли во 53. минута. Сан Марино на победа чека повеќе од 20 години, поточно 142 натпревари.
Последен пат славеа на 24 април 2004 година против истиот противник, но тогаш тоа беше пријателски натпревар. Голот беше резултат на грешка на дефанзивецот Сандро Визер, кој несмасно ја испрати топката кон сопствениот гол, што младиот Сенсоли го искористи за победничкиот гол.
Репрезентацијата на Сан Марино според Transfermarkt вреди 885.000 евра, а најголем дел од нивните играчи играат во домашни клубови или во италијанските пониски лиги. Од друга страна, Лихтенштајн вреди 850 илјади евра. Во истата група е и Гибралтар. Сан Марино моментално се наоѓа на 210. место на ранг-листата на ФИФА, додека Лихтенштајн е на 199. место.