Најлоши совети за слабеење што треба да престанеме да ги слушаме

А.С.
/ 18.01.2023 / 18:00

Кога се обидуваме да ги ослободиме несаканите килограми, често наидуваме на бројни совети, од кои некои не се ниту докажани, ниту точни.

Има неколку митови кога станува збор за слабеење во кои многу луѓе сè уште погрешно веруваат. Слушањето на овие совети предизвикува само уште поголема фрустрација поради наталожените килограми, но и неможноста да ги изгубите. Покрај тоа, експертите предупредуваат дека одредени непроверени и погрешни совети за слабеење му штетат на нашиот напредок и на севкупните резултати и може сериозно да му наштетат на нашето здравје.

Помалку храна, повеќе движење

Многу луѓе велат дека слабеењето е лесно, само треба да јадете помалку и да се движите повеќе. Но, во реалноста, тој совет е многу нејасен и оптимистички, а истражувањата го поткрепуваат тоа. На крајот на краиштата, да беше толку едноставно, сите ќе бевме слаби - а сепак многу луѓе постојано се борат со вишокот килограми. Губењето килограми е често сложено бидејќи може да има емоционални и психолошки пречки, како и животни стресови кои го отежнуваат слабеењето. За трајни резултати, потребен ви е специфичен план кој ќе наведе колку калории треба да внесувате, колку често треба да вежбате и како да се справите со проблемите кога ќе се појават, велат експертите.

Исфрлање на масната храна

Често слушаме дека целосното избегнување на маснотии во исхраната придонесува за слабеење. Иако ова може да изгледа како сосема логичен и добар совет, нутриционистите предупредуваат дека тој всушност не е точен. Се разбира, мастите се покалорични од јаглехидратите или протеините, но вистинскиот вид на масти може да ви помогне да останете сити, да се борите против воспалението и да го одржите вашето здравје на завидно ниво.

Кардио вежбите се најдобри за слабеење

Да, кардиото согорува калории, но сепак ви треба тренинг за сила за да изградите мускули под маснотиите додека согорувате калории и го зајакнувате метаболизмот. Само кардио вежбите ќе доведат до губење на тежината, но нема да ви помогнат оптимално да ги изгубите телесните масти. Како резултат на тоа, можете да завршите со „слабо дебело“ тело каде што вашата тежина се смета за „нормална“, но процентот на маснотии во телото е сепак доста висок, пишува Healthline.

Детоксикацијата е најбрзиот начин да се ослободите од вишокот килограми

Нема докази дека диетите за детоксикација делуваат, иако нашироко се верува дека за да ослабете треба да ги отстраните токсините од телото и да се исчистите од сите лоши работи кои сте ги наталожиле при дебелеењето. Што е уште полошо, детоксикацијата може да биде дури и опасна затоа што ќе го лишите вашето тело од калории и хранливи материи на долги временски периоди, предупредуваат експертите.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе