Најлошите работи кои оваа есен може да ги направите за вашето здравје

Есента е идеално годишно доба за опуштање, но докторите предупредуваат дека во тоа не треба да се претерува. Што не треба да правите во текот на есента, кога станува збор за здравјето?

Best Life со помошта на експерти објави листа од најлошите работи кои треба да ги избегнете оваа есен, за да го сочувате вашето здравје.

1. Игнорирање на стресот

Во летните месеци со вежбање може да се борите против стресот или да го минете времето со книга в рака додека сте на плажа. Исклучително е важно да пронајдете начин како да се справите со стресот и во текот на есенските денови. Според д-р Џесика Патрос од Калифорнија, тешкиот акутен стрес или хроничниот долготраен стрес може да влијае на тоа колку добро функционира вашиот имунитет.

„Кога сте под стрес, расте хормонот кортизол. Ако кортизолот долго време останува висок, истражувањата покажуваат дека може да поттикне воспаление, што може да го збуни телесниот систем за одбрана“, вели Пеатрос.

2. Пиете повеќе од два алкохолни пијалаци дневно

Интернистот Сухита Д. Посина од Њујорк вели дека алкохолот треба да се сведе во најмала можна мера за да остане здравјето под контрола.

3. Консумација на повеќе шеќер

„Се покажа дека дополнителниот или преработен шеќер предизвикува брз скок во нивото на шеќер во крвта, што доведува до зголемено лачење на инсулин, а потоа и до опаѓање на глукозата. Тие промени во нивото на шеќерта во крвта може негативно да влијае на вашето ниво на енергија“, вели Емануел Асаре, специјалист по интерна медицина.

Тој додава дека на долгорочен план, дополнителниот шеќер е поврзан со дебелина, дијабетес тип 2, зголемен ризик од срцеви болести, развој на некои видови канцер и други здравствени проблеми.

4. Помалку вежбање

Само затоа што времето станува постудено не значи дека не треба да вежбате или да прескокнувате тренинзи.

„Со постуденото време луѓето минуваат повеќе време заедно во затворен простор и се помалку активни. Тоа што не носите костим за капење не значи дека треба да престанете со вежбање“, вели Кармен Туг, специјалист по интерна медицина во Северна Каролина.

5. Не јадете доволно овошје и зеленчук

Во студените денови попримамлива е топлата и потешка храна, но подеднакво е важно да јадете најмалку пет порции овошје и зеленчук дневно.

6. Не спиете доволно

Квалитетниот сон е важен за одржување на доброто здравје, како и за силен имунолошки систем.

7. Го прескокнувате појадокот

„Ако го започнете денот со здрав појадок тоа ќе го разбуди вашиот дигестивен систем и ќе го забрза метаболизмот. Со тоа ќе се регулира работата на цревата и ќе помогне нивото на шеќер во крвта да остане стабилно во текот на денот“, вели д-р Емануел Асаре.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе