Најлудата казна во историјата: Сити казнет со 2,5 милиони евра за правило кое ретко кој го знае

Манчестер Сити е казнет со над 2 милиона евра откако во 22 наврати го прекршил малку познатото правило во Премиер лигата.

Изгледа речиси лудо што Сити прифати казна од 2 милиона фунти (2,3 милиони евра) за доцнење на почеток на натпревари и вторите полувремиња во 22 одделни прилики во изминатите две сезони.

Едно такво се случи во последниот натпревар од минатата сезона, кога англискиот шампион задоцни на почетокот на второто полувреме од пресметката против Вест Хем, што беше решавачко за титулата, а тогаш играчите на Сити доцнеа 2 минути и 46 секунди.

Инаку, казните за вакви прекршоци се движат од 15.000 евра до 250.000 евра, а „Граѓаните“ не се единствениот тим од Премиер лигата кој го прекршил ова малку познато правило.

Во август 2023 година Кристал Палс беше казнет со 250.000 евра за задоцнет почеток на два меча во сезоната 2022/2023.

„Правилата што се однесуваат на почетокот на натпреварите и вторите полувремиња помагаат организацијата на натпреварувањето да се постави на највисок можен професионален стандард и да се обезбеди безбедност за навивачите и клубовите учесници. Исто така, гарантира дека преносот на сите 380 лигашки натпревари ширум светот се одвива според планираното“, се вели во соопштението на лигата.

Во договорот за санкции, објавен на веб-страницата на Премиер лигата, се вели дека Сити се извинил за прекршувањата и ги потсетил играчите и персоналот на нивната одговорност да ги почитуваат правилата.

реклама

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Фудбал

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Read more

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Read more

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Read more

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Read more
 

Спорт

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Читај повеќе

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Читај повеќе
  • play_arrow

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Читај повеќе