Најлудите факти за Северна Кореја

Северна Кореја е една од државите за кои луѓето сакаат да знаат, но најверојатно не би ја посетиле самите. Ова се должи на малкуте но налудничави работи што се знаат за оваа држава, од кои иако повеќето делуваат како гласини, всушност се вистина.

Фризури одобрени од владата

Жените во Северна Кореја можат да изберат помеѓу 18 понудени стилови на фризури, а мажите помеѓу 10. Мажените жени треба да имаат пократка коса, додека на сингл жени им е дозволено малку малку подолги фризури, благо извиткани. Машката коса не смее да биде подолга од пет сантиметри и мажите требаат да се шишаат на секои 15 дена.

Неочекувани трошоци

Додека скоро секаде во светот општината и владата ги обезбедува нештата како клупи и столчиња во училиштата, во Северна Кореја родителите плаќаат за овие работи, како и за греење и материјали за одржување на училиштето, доколку сакаат нивното дете да учи таму. Исто така и учениците се изложуваат на физичка работа, за да го исплатат своето образование.

Киднапиран режисер

Во 70-тите, Ким Јонг-Ил го киднапираше јужнокорејскиот режисер Шин Санг Ок за да го натера да му направи севернокорејска верзија на филмовите „Godzilla“. Режисерот и неговата сопруга беа чувани во заложништво во перидот 1978-1986 година, време за кое го направи филмот „Pulgasari“ и уште шест други. Филмот може да го гледате тука.

Контролирана телевизија

Сите телевизиски и радио канали во Северна Кореја се под владина контрола и се користат за дистрибуирање на пропаганда. На телевизиите не смее да се прикажува тешкиот живот на граѓаните ниту пак фактот дека поголем дел од нив живеат во сиромаштија. 

Лажното село на мирот

Џонг Донг или „селото на мирот“ е село изградено на границата со Јужна Кореја, од 50-тите години, што изгледа прилично идилично, барем за севернокорејски услови. Ова пропагандно село било изградено за да се привлечат јужните соседи да дојдат да живеат на северот и како што тврди владата тука може да живеат преку 200 фамилии со бесплатно здравствено осигурување, бесплатни училишта и болници. Но во ова село никој нема живеено од кога е изградено - преку телескопи и може да се забележи дека прозорците немаат воопшто стакло, а светлата се вклучуваат на тајмер, за да се создаде илузија дека некој живее тука. 

Чоколадо „на црно“

Во Северна Кореја чоколатца, бургери и пици се забранети со закон. Кога јужнокорејска фабрика за слатки, во која работеле голем број севернокорејци, почнала да им става еден од своите чоколадни производи како додаток на ручек, тие полуделе по чоколадото. Севернокорејците почнале да ги носат дома за своите семејства или пак ги препородавале на црно. За да се сопре ова, владата на Северна Кореја ги прогласи чоколадите за симбол на капитализам, на што Јужна Кореја одговори со праќање на балони со чоколади преку границата.

Различни години и календар

Наместо грегоријанскиот календар, тие го користат таканаречениот јуше календар, кој почнува на 15 април 1912, годината на раѓање на Ким Ил-Санг. Па наместо 2017 година, кај нив сега е 105-та година. Имаат и своја временска зона, наречена Пјонгјанг.

Казна за оние кои не жалат

По смртта на лидерот Ким Јонг-Ил во 2012-та година, беше прогласена 100-дневна жалост во Северна Кореја. Жителите жалеа по големиот лидер, а оние кои не изгледале доволно тажни биле осудувани на 6-месечна казна во кампови за физичка работа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе