Најмалку 10 физички пресметки и нарушувања на јавниот ред и мир во 24 часа

Во изминатото деноноќие биле пријавени најмалку десет случаи на напад, физичка пресметка и нарушување на јавниот ред и мир на територијата на целата земја.

Во с.Џепчиште, тетовско вчера во 20:00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Џ.(53) од с.Џепчиште бидејќи, на 23.05.2020 во 19,30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово бил донесен со тешка телесна повреда Б.Ш.(44) од с.Џепчиште, кој со повредата се здобил во с.Џепчиште при физичка пресметка со неговиот сосед Џ.Џ.. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:30 часот во с.Бунарџик, скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(75) од с.Бунарџик бидејќи на 23.05.2020 14,20 часот во СВР Скопје, И.Џ.(37) пријавил дека на ул.„2“ во с.Бунарџик поради нерасчистени имотни односи и претходна расправија С.Ф.(75) од с.Бунарџик го нападнал со метална шипка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Тетово вчера во 14:20 часот било пријавено дека околу 15:00 часот  на ул.„Б.Тоска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово биле физички нападнати од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на ул.„Божин Николов“ во Скопје во сопственост на Џ.В.(41) поради нарушени имотно-правни односи тој бил физички нападнат со тврд предмет од Ф.В. и М.В. двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Битола, вчера во 14:12 часот М.М.(33) од Битола пријавил дека на ул.Прилепска во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и П.М.(61) од Битола од една страна и Т.А.(48) од Битола од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18:30 часот во Полициска станица Ресен, В.Д.(43) од Р.Албанија пријавила дека на ул. „29 – ти Ноември “ во Ресен по претходна расправија била физички нападната од Р.С. и Ф.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Битола, вчера во 20:55 часот било пријавено дека на паркинг во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.С.(43), И.В.(39), Г.Б.(22) од една страна и Н.С.(30) од друга страна, сите од с.Баница- Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 13:10 часот во СВР Струмица, Ж.К.(54) од Струмица пријавил дека околу 08:15 часот на ул.Ленинова во Струмица бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 20:00 часот, во СВР Охрид приведен е М.Т.(61) од Охрид. Тој, околу 18:30 часот, на улицата „Абас Емин“, во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир  а потоа извршил  физички напад врз Ж.Р. и  С.Т. од Охрид.Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15:20 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.П. врз Љ.Д.(59), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе