Најмалку 168 загинати при налет на цунами во Индонезија

Џакарта, 23 декември 2018 (МИА) – Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

Како што соопшти утрово портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Пурво Нигрохо, најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 лица.

Тој нагласи дека се стравува оти билансот на жртвите може да биде и поголем, бидејќи властите се уште немаат податоци од сите погодени реони.

Нигрохо информираа дека при налетот на цунамито се разрушени стотици домови и други објекти.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде на сила до 25 декември.

„Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома“, соопшти Агенцијата.

Цунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе