Најмалку 19 повредени на протестот по повод Денот на жената во Мексико Сити

Петнаесет полицајци и четворица цивили се повредени за време на демонстрациите на Меѓународниот ден на жената во Мексико Сити, соопшти Министерството за јавна безбедност, додека илјадници жени протестираа против родовото насилство низ целата земја, јави DPA.

Феминистичките групи вчера излегоа на улиците во Мексико за да побараат запирање на убиствата и злоупотребите врз жени, во земјата во која секој ден се убиваат околу 10 жени, додаде германската агенција.

Демонстрантите носеа фотографии од убиени жени и транспаренти со паролите „Мексико убиец на жени“ и „Тие не ме убија, но јас живеам во страв“.

Во Мексико Сити, демонстрантите тргнаа кон Националната палата, седиштето на федералната извршна власт, која претходно беше оградена, како и триесетина историски споменици околу главниот град, пренесува DPA.

Претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор ја оправда оградата како начин да се избегне насилството за време на протестите, додека феминистичките групи ја опишаа како „ѕид на срамот“.

Групи активистки урнаа дел од оградите околу Националниот дворец, а полицијата притоа употреби солзавец за да ги растера.

Повеќе од 2.000 невооружени жени полицајки беа распоредени за зачувување на редот за време на демонстрациите.

-Постојат многу начини на мирен протест, вклучително и користењето на вашиот глас, па дури и навредување, но не фрлање бомби, употреба на чекани, не палење на работите, рече претседателот претходно на неговата утринска прес-конференција.

Слични протести вчера беа организирани и во други земји од регионот.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе