Најмалку 20 загинати во поплави и лизгање на земјиштето во Јапонија

МИА/КАЈГАНА
/ 05.07.2020 / 13:21

Најмалку 20 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во поплавите и свлечиштата во префектурата Кумамото, во јужна Јапонија, објавија светските новински агенции.

Дождот во оваа префектура почна да паѓа во петокот вечерта, а во селото Кума вчера беше поплавен дом за стари лица. Локалните власти соопштија дека 14 станари на домот веројатно починале, додека тројца покажувале знаци на хипотермија.

Околу 60 лица останаа заробени во друг старечки дом, а операцијата на спасување, во која учествуваат 10.000 војници, крајбрежната стража и противпожарната бригада, продолжи и денеска.

Властите побараа од повеќе од 75.000 жители на префектурите Кумамото и Кагошима да ја напуштат областа поради силните дводневни врнежи. Евакуацијата на населението не беше задолжителна и многумина решија да останат дома, од страв да бидат заразени со коронавирусот, иако официјалните лица забележаа дека засолништата се безбедни и дека се воспоставени сите мерки на заштита.

Поплавите доведоа до прекин на електрична енергија и телефонските линии, што ја одложи операцијата за спасување, а речиси 6.000 домови во Кумамото се уште се без електрична енергија, потврдија локалните власти.

Фотографиите од воздух прикажани на јапонска телевизија покажуваат темна  вода како покрива домови, улици, автомобили и делови од мост. Метеоролозите во Токио издадоа највисоко ниво на предупредување за многу области.

Цели станбени области се под вода, делови од куќи се разнесени и дрвја искорнати од земјата. Итните служби со хеликоптер ги евакираа заробените жители од нивните покриви. Војската е повикана да ги поддржи службите за итни случаи.

Remote video URL
Тагови
реклама

Свет

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Read more

Џонсон бара зачувување на „силата и магијата“ на Обединетото Кралство

Read more

Вести

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Читај повеќе

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Без договор за нова влада заврши средбата Заев-Ахмети, разговорите продолжуваат

Читај повеќе

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Читај повеќе

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Читај повеќе

109 нови случаи на COVID-19, еден починат

Читај повеќе

Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Читај повеќе

Џонсон бара зачувување на „силата и магијата“ на Обединетото Кралство

Читај повеќе