Најмалку 32 луѓе се повредени во експлозија што се случи вчеравечер во предградие на Ливерпул, пренесува „Mirror Online“.
Според информациите, експлозијата се случила во приватен објект, а детонацијата била толку моќна што речиси ја срамнило со земјата зградата.
Снимките и фотографиите поставени набрзо по инцидентот кој се случил во 21 часот и 15 минути по локално време укажуваат на големи оштетувања и расфрлени тули.
Се претпоставува дека експлозијата е поврзана со истекување на гас за домаќинства, во квартот Њу Фер, во Мерсисајд, во Ливерпул, западна Англија.
Властите уште не потврдуваат никакви детали за инцидентот, но студиото за танц лоцирано таму било „апсолутно збришано“, пренесува весникот.
Некои локални медиуми објавија дека е оштетена продавница за мебел и бензинска пумпа.
Бројот на повредени изнесува околу 32 лица, а наводно има луѓе затрупани под урнатините.