Свет

Најмалку 36 луѓе повредени во експлозија во Париз

12. јануари 2019 - 12:52 | Б.С.Б.

Во експлозија во центарот на Париз се повредени најмалку 36 луѓе од кои 12 се во животна опасност , пренесува Sputnik News.

Станува збор за несреќен случај, експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас и не е поврзана со протестот на жолтите елеци во главниот град.

Во експлозијата изгоре пекара, а во интервенција на пожарот повредени се и тројца пожарникари.

Коментирај