Најмалку 40 лица се затрупани во одрони на Филипини

Манила, 16 септември 2018 (МИА) - Се стравува дека најмалку 40 лица, повеќето рудари во еден рудник за злато, се затрупани во свлечиштата не северниот ден на Филипини, соопшти филипинската полиција, наведувајќи дека досега се извлечени седум тела.

Планински одрон затрупал село во близина на градот Итогон во провинцијата Бенкет, како последица од тајфунот Мангкут, што донесе силни ветрови и обилни врнежи.

Досега најмалку 29 лица настрадаа на Филипините поради тајфунот, што предизвика големи свлечишта на планинските подрачја.

Советникот на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, Френсис Толенто информира дека вкупно 20 од жртвите загинале во регионот Кордилера на најголемиот филипински остров Лузон, а уште четири во соседната провниција Нуева Вискаја. Едно лице загина во провинцијата Илокос Сур, при пад на дрво, а во меѓувреме пристигнаа податоци за уште четири жртви.

Извршниот директор на Националниот совет за управување со кризи, Рикардо Џалад вчера соопшти дека само во Кордилера се пријавени над 40 случаи на лизгање на земјиштето.

„Спасувачките екипи постојано пријавуваат нови штети предизвикани од тајфунот“, посочи Џалад.

Поплави се регистриран и во делови на Манила, а поради тајфунот над 100.000 се сметени во прифатни центри.

Моќниот тајфун Мангхут денеска ги погоди реоните на југосточноот крајбрежје на Кина, вклучлително и автономните региони Хонг Конг и Макао.

Пред доаѓањето на тајфунот, кинеските власти спроведоа евакуација на десетици илјади лица од седум градови од региони, откажани се голем број летови, а редуциран е и јавниот транспорт. Поради Мангхут затворени се и казината во Макао.

Кинеските медиуми јавија дека нивото на морето во погодените подрачја пораснало дури до 3,5 метри, а големите бранови ги поплавиле крајбрежните реони и исфрлиле големо количество риба на брегот.

Полавни се и неколку станбени реони и еден трговски центар во источниот дел на Хонг Конг, каде најмалку 111 лица побарале медицинска помош поради полесни повреди.

Во време на пристигнувањето на кинеското крајбрежје, ветерот во жариштето на Мунгхут дувал со брзина од 200 километри на час.

Во моментот кога Мангхут во петокот ги погоди Филипините, во неговото жариште дуваа ветрови со брзина и до 305 километри на час. Подоцна движејќи се над Филипините кон јужна Кина и Виетнам, брзината на ветровите во неговото жариште опадна на околу 170 километри на час, со повремени налети до 260 километри на час.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе