Најмалку 46 лица загинаа во сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија

Најмалку 46 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија-Благоевград.

Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 46, а останатите се пренесени во болница. Автобусот е опожарен, а на местото на несреќата сѐ уште се противпожарни екипи и медицински тимови.

Сообраќајот во двата правци на автопатот е во прекин.

Сочувство за загинатите изрази премиерот Зоран Заев, кој бил информиран за несреќата од бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов.

Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата

– Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се, рече Рашков.

Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.

Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.

Remote video URL

Градоначалникот на Перник Станислав Владимиров: На оваа делница често има несреќи, оваа рута е една од најтешките во Бугарија

Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјави градоначалникот на Перник Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата, во која загинаа 46 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Владимиров, делницата е влажна. Причините за несреќата можат да бидат многу.

„Патот е влажен. Овој дел има многу голема надолнина. Од вчера врне слаб дожд. Не може да се каже дали причината е лошото време, но причините може да бидат многу“, рече Владимиров.

Според градоначалникот на Перник, на овој дел од патот често се случуваат несреќи. Оваа рута е една од најтешките во Бугарија, има огромна денивелација, и голема концентрација на сообраќај.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе