Најмалку 65 уапсени при протестите на „жолтите елеци“ во Париз

Париз, 22 декември 2018 (МИА) – Француската полиција уапси најмалку 65 лица за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз, јави ДПА.

Меѓу уапсените е и еден од лидерите на движењето на „жолтите елеци“, Ерик Друе.

Протестниот марш, во кој учествуваа околу 1.000 лица, што е занчително помалку во споредба со претходните саботни протести во Париз, започна од пред базиликата „Свето срце“ на Монмартр, по што демонстрантите се упатија кон авенијата на Елисејсите полиња.

На протестот, пак, во Версај, кој беше најавуван како еден од помасовните, според Франс интернасионал, се собрале само неколку десетици демонстранти.

Во Стразбур се собраа околу 100 лица, кои протестираа на мостот „Европа“, во близина на француската гранци со Германија, поради што беше предизвикан застој во сообраќајот меѓу двете земји.

Поради протести на „жолтите елеци“, застои во сообраќајот имаше и на патиштата во југозападна Франција, што водат кон границата со Шпанија.

Во пресрет на денешните шести по ред саботни протести на „жолтите елеци“, француската полиција за одржување на редот ангажираше околу 4.000 полицајци, од кои над 1.200 само во Париз.

На протсетите на „жолтите елеци“ минатата сабота учествуваа околу 66.000 лица, но по одлуката на претседателот на Франција, Емануел Макрон на почетокот на неделава да направи отстапки, кои вклучуваа и откажување од најавеното зголемување на таксите за горивата, протестните собири почнаа да губат на интензитет и масовност.

Инаку, билансот на жртви на протестите денеска се искачи 10, откако утрово почина возач што вчера удри во камион поставен на обиколница блокирана од „жолтите елеци“ во близина на Перпиња.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе