Најмалку 90 мртви во поплавите во Непал и Индија

Во поплавите и одроните во Непал и во Индија во последните месеци загинале повеќе од 90 луѓе, а речиси два милиона морале да ги напуштат своите домови, соопштија властите.

Во Непал, кој минал најлошо од земјите во регионот, поради монсунските дождови кои не престануваат да врнат реките се излиле од своите корита предизвикувајќи поплави и одрони во кои се уништени куќи и мостови.

„Од понеделникот, во поплавите и одроните загинале 73 лица“, изјавил за AFP заменикот на портпаролот на министерството за внатрешни работи Џанка Нат Дакал.

На снимките кои ги направила војската чиишто припадници учествуваат во акцијата за спасување, се гледа како локалното население на покривите од своите домови ги очекуваат тимовите за евакуација со гумени чамци.

Поплавите ја зафатиле и зафрлената држава Асам на североистокот од Индија, каде што животот го загубиле најмалку 19 луѓе.

„Околу два милиона луѓе останаа без покриви над главите“, изјавил премиерот на сојузната држава Асам, Сарабананда Соновал, при обиколката на најтешко настраданите области.

Десетици луѓе секоја година гинат за време на монсунските дождови во Непал и во Индија. Милиони Непалци и денес живеат во импровизирани шаторски населби по силниот земјотрес од април 2015 година, кога загинаа околу 9.000 луѓе.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе