Повеќе лица се застрелани во Индијанаполис во простории на компанијата FedEx, а напаѓачот се самоубил, пишуваат американски медиуми.
Американските медиуми објавија дека повеќе жртви се пронајдени во објект на FedEx во близина на меѓународниот аеродром во градот, повикувајќи се на полициско соопштение издадено во 23:30 часот по локално време.
СNN пренесе дека има голем број жртви, повикувајќи се на портпарол на полицијата. Како што се наведува, имало пукање во објектот, но и надвор од него.
Засега не е позната причината за нападот.